Tuesday, December 11, 2018

ЕКОЛОГИЈА

Што е екологија
Екологија е наука за природата. Тоа е наука која се занимава со односот на човекот кон природата, проучува како ние се однесуваме кон природата и животната околина, но исто така ја изучува и заемната врска на сите живи организми меѓу себе, како и нивниот однос кон опкружувањето и кон животната средина. Така, ако учиме како се однесуваат рибите кон останатите животни (вклучувајќи ги и луѓето),и како се однесуваат кон растителниот свет, тогаш ние учиме за екологијата. Значи екологијата не го изучува само односот на живите суштества помеѓу себе, туку и нивниот однос кон животната околина: кон почвата, кон климата, кон водата, кон храната итн.


Image result for екологија

Tuesday, December 4, 2018



ЕКОЛОГИЈА

Екологијата е интердисциплинарна област која во себе ја вклучува биологијата и науката за Земјата. Терминот “екологија” ("Ökologie") за прв пат е воведен во 1866 година од германскиот научник Ернст Хекел (1834г. - 1919г.). Старите грчки филозофи како Хипократ и Аристотел ги поставиле темелите на екологијата како дисциплина во нивните истражувања за историјата на природата. Кон крајот на 19-тиот век екологијата преминува во сериозна научна дисциплина. Еволутивните концепти за адаптација и природна селекција станале темели на модерната еколошка теорија. Екологијата не е синоним со животната средина, енвироментализмот, историјата на природата или со науката за животната средина. Повеќе може да се поврзе со еволутивната биологијагенетиката и етологијата. Разбирањето на меѓусебните интеракции на биолошката разновидност и еколошките функции е значаен фокус на интерес во еколошките проучувања. Еколозите се трудат да ги објаснат:
  • Животните процеси и адаптации
  • Распространетоста и бројноста на организмите
  • Движењето на материите и енергијата во заедниците
  • Сукцесивниот развој на екосистемите и
  • Изобилството и поделбата на биодиверзитетот во контекст на животната средина.






EKO-ЛОГИЈА

Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина. Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината (биомасата), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како што се првичната продукцијапедогенезациклусот на хранливите материи и разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите, го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани од биолошката разновидност. Биодиверзитетот се однесува на разновидноста на видовите во екосистемите, генетските варијации помеѓу нив и процесите кои се функционално збогатени од разновидноста на еколошките интеракции.

Image result for ЕКОЛОГИЈА