EKO-ЛОГИЈА
Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите организми и нивната интеракција со животната средина. Темите на интерес на еколозите вклучуваат изучување на составот, поделбата, количината (биомасата), бројот, состојбите на промена во организмите во рамки на екосистемите и помеѓу нив. Екосистемите се составени од делови кои динамично си дејствуваат и ги вклучуваат организмите, заедниците кои тие ги формираат и неживите компоненти на нивната животна средина. Процесите на екосистемите како што се првичната продукција, педогенеза, циклусот на хранливите материи и разновидни активности кои вклучуваат создавање на нишите, го регулираат протекот на енергија и материја во животната средина. Овие процеси се одржани од биолошката разновидност. Биодиверзитетот се однесува на разновидноста на видовите во екосистемите, генетските варијации помеѓу нив и процесите кои се функционално збогатени од разновидноста на еколошките интеракции.

No comments:
Post a Comment