Tuesday, December 4, 2018



ЕКОЛОГИЈА

Екологијата е интердисциплинарна област која во себе ја вклучува биологијата и науката за Земјата. Терминот “екологија” ("Ökologie") за прв пат е воведен во 1866 година од германскиот научник Ернст Хекел (1834г. - 1919г.). Старите грчки филозофи како Хипократ и Аристотел ги поставиле темелите на екологијата како дисциплина во нивните истражувања за историјата на природата. Кон крајот на 19-тиот век екологијата преминува во сериозна научна дисциплина. Еволутивните концепти за адаптација и природна селекција станале темели на модерната еколошка теорија. Екологијата не е синоним со животната средина, енвироментализмот, историјата на природата или со науката за животната средина. Повеќе може да се поврзе со еволутивната биологијагенетиката и етологијата. Разбирањето на меѓусебните интеракции на биолошката разновидност и еколошките функции е значаен фокус на интерес во еколошките проучувања. Еколозите се трудат да ги објаснат:
  • Животните процеси и адаптации
  • Распространетоста и бројноста на организмите
  • Движењето на материите и енергијата во заедниците
  • Сукцесивниот развој на екосистемите и
  • Изобилството и поделбата на биодиверзитетот во контекст на животната средина.






No comments:

Post a Comment