ЕКОЛОГИЈА
Што е екологија
Екологија е наука за природата. Тоа е наука која се занимава со односот на човекот кон природата, проучува како ние се однесуваме кон природата и животната околина, но исто така ја изучува и заемната врска на сите живи организми меѓу себе, како и нивниот однос кон опкружувањето и кон животната средина. Така, ако учиме како се однесуваат рибите кон останатите животни (вклучувајќи ги и луѓето),и како се однесуваат кон растителниот свет, тогаш ние учиме за екологијата. Значи екологијата не го изучува само односот на живите суштества помеѓу себе, туку и нивниот однос кон животната околина: кон почвата, кон климата, кон водата, кон храната итн.
